ПЕГИДА: Меркел е најопасната жена во Европа
Германската антиисламска организација „ПЕГИДА“ ја нарече канцеларката Ангела Меркел „најопасната жена во Европа“.
На последниот голем антиисламски митинг во Дрезден лидерот на „ПЕГИДА“ Татјана Фестерлинг инсистираше Меркел да поднесе оставка, бидејќи гледа во неа главен виновник за бегалската криза во Германија и во Европа во целина.
„Срцевата политика на Меркел спрема бегалците ја претвори Германија во џиновски камп во џунглата. Меркел е апсолутно неодговорна. Ова е најопасната жена во Европа. Таа намерно одбива да ги заштити границите на Германија“, изјавила пред 25-илјадитата публика 51-годишната Фестерлинг, која на изборите за градоначалник на Дрезден во текот на летото се рангира на 4-то место, со освоени 10% од гласовите.
Учесник на митингот во Дрезден носеше импровизирана бесилка, на која имаше две табели: „Резервирана за Ангела Меркел“ и „Резервирано за Зигмар Габриел“ (Вице Премиер на Германија).
