ПЕГИДА и во Шпанија: 100 луѓе излегоа на исламофобските протести
Стотина луѓе се собраа вчера на првата во Шпанија демонстрација на повик за исламофобското движење „патриотски Европејци против исламизацијата на Западот“ „ПЕГИДА“ предводено од Германија, соопшти „Франс прес“.
Митингот се одржа во градот Оспиталитет де Лобрегат во североисточна Шпанија. Во исто време антифашистичкото движење организира контра-демонстрации со учество на 300 лица.
Антиисламските демостранти беа опколени од импресивен полициски кордон со што настанот завршил мирно по околу час, забележува агенцијата.
ПЕГИДА која собира до 25 000 луѓе на протести во Дрезден, во источна Германија, која сакаше да одбележи 11-години од нападите извршени од исламисти на 11 март 2004 година во Мадрид, во кои загинаа 192 лица.
„200 убиени и 2.000 повредени, ниту заборав, ниту прошка“, пишувал на еден од слоганите на митингот, организиран со помош на мала регионална ксенофобична партија, „Платформа за Каталонија“.
„Исламскиот тероризам е закана за нашата земја и сакаме да го изнесеме на виделина овој проблем“, изјавил за новинарите генералниот секретар на партијата, „Роберт Хернандо“.
