Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пазарот во Кипар во плен на банките, бензиските пумпи точат само за готовина

Пазарот во Кипар во плен на банките, бензиските пумпи точат само за готовина

Продавниците не се снабдуваат нормално со стоки, целосно замре продажбата на облека, обувки и автомобили, а бензиските пумпи точат бензин само за готовина, без да примаат кредитни картички. Ваква е состојбата во Кипар, откако  поради финасиската криза кипарските банки се затворени, пишуваат весниците во Никозија.

Пазарот е „мрачен“, луѓето купуваат оскудно и никој не знае што ќе следи, бидејќи банките ќе останат затворени и во наредните денови. Проблеми има и кај дистрибутерските компании.

Гориво има доволно, изјави претседателот на Сојузот на бензиски станици Стефанос Стефану, повикувајќи ги потрошувачите да не се вознемируваат.

Слично

Поврзани вести