Пазарот на автомобили во Европа забележа раст втор месец по ред
Регистрациите на нови автомобили во Европската унија забележуваат раст во вториот последователен месец во октомври , засилувајќи ги надежите дека автомобилската индустрија на континентот почнува да покажува слаби знаци на закрепнување .
Побарувачката на нови автомобили во Европа е зголемена за 4,7% во споредба со октомври 2012 година - по раст од 5,4% во септември , според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили ( ACEA) . Ова е прв случај од повеќе од две години , во кој пазарот бележи раст во два последователни месеци , иако бројот на регистрираните нови автомобили минатиот месец ( 1 004 935 ) бил вториот најнизок за месец октомври , откако ACEA води статистика од 2003 година.
Сите главни пазари на автомобили во Европа , со исклучок на италијанскиот , покажуваат знаци на подобрување во текот на месецот , а Шпанија бележи најголем раст во регистрациите на нови автомобили со пораст од над 34% во споредба со октомври 2012 година. Во исто време , германскиот пазар забележа раст од 2,3% , додека порастот во Франција и Велика Британија е од 2,6 % и 4%. За споредба, италијанскиот пазар бележи намалување од 5,6% на годишна основа во октомври .
Европските автопроизводители имаат тешкотии од почетокот на должничката криза во еврозоната , која сериозно влијаеше на довербата на потрошувачите .
Слично
