Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пазари – подгответе се за промена во монетарната политика на ФЕД !

Пазари – подгответе се за промена во монетарната политика на ФЕД !
Во својата анализа, пренесена од Рrojeсt Syndicate , поранешниот главен економист на Меѓународниот монетарен фонд ( ММФ) професорот Симон Џонсон ги предупредува растечките пазари да се подготват уште сега за идната промена на монетарната политика на Федералните резерви на САД ( ФЕД). Според него, нестабилноста на финансиските пазари предизвикана од изјавата на претседателот на ФЕД Бен Бернанке во мај дека централната банка може да го намали обемот на месечна програма за откуп на обврзници , ги засили стравувањата низ светот. „ Ве молам, г- дин Бернанке , погледнете ги состојбата и на нашите економии , кога ќе одлучувате дали да ја прекинете програмата за квантитативни олеснувања", беа коментарите на голем дел од државите. Сепак Џонсон посочува дека тоа нема да се случи, а ФЕД ќе го утврди курсот на монетарната политика спрема економските податоци од САД, па затоа и економистите и политичарите од целиот свет треба да го разберат ова и да се подготват . Вистина е дека во последните неколку години ФЕД изразуваше загриженост за финансиската состојба на одредени региони од светот. Во есента на 1998 година тогашниот претседател на ФЕД Алан Гринспен ги намали каматните стапки делумно поради кризата на пазарите во Азија и Русија . За овие напори тој беше прикажан на насловната страница на списанието Time , како еден од тројцата од „Комитетот за спасување на светот" ( другите двајца беа Лери Самерс , кој пред еден месец одби да го наследи Бен Бернанке на функцијата , и Роберт Рубин , кој беше министер за финансии во администрацијата на претседателот Џорџ Клинтон - бел ред. ), потсетува професорот. По сила на закон (со Federal Reserve Act ) ФЕД е одговорен да одржува ниска невработеноста и инфлацијата во земјата . Членовите на Федералната комисија за отворениот пазар ( Federal Open Market Committee , или FOMC ) само можат да толкуваат што точно значи тоа, како честото менување ставови за прифатливото ниво на невработеност. „Најдобар начин да се подготвиме е да ја намалиме кредитната активност во периоди на подем , да не дозволуваме на домаќинствата и фирмите да заземаат премногу и да воспоставиме високи капитални барања за сите банки и другите финансиски институции . Минатиот месец ФЕД ги изненади пазарите кога одлучи да не го менува курсот на програмата за квантитативни олеснувања . Но оваа акција покренува голем број непознати пред останатите економии - не знаеме со точност кога ФЕД ќе ги заостри својата монетарна политика. Затоа - бидете подготвени !“, порачува Џонсон.
Слично

Поврзани вести