ПАВЕЛ ДУРОВ ИМА ФРАНЦУСКО И ДРЖАВЈАНСТВО НА ОАЕ, НО НЕ И РУСКО: Која е главната причина токму Франција да го уапси?
Еден од
најбогатите луѓе на светот, Павел Дуров, чие богаство се проценува на 12
милијарди фунти е уапсен во Франција поради, како што појаснуваат француските
власти, прекршоци поврзани со работењето на неговата социјалната платформа Телеграм.
Седиштето на Телеграм, кое тој го основаше во 2013 година е во Дубаи, каде што живее Дуров, кој што има и Француско и државјанство на ОАЕ, па според упатените, паѓаат во вода сите шпекулации дека тој е уапсен поради одмазда кон Русија.
Иако е роден во Русија, Дуров не живее таму од инвазијата на Владимир Путин на Украина на Крим и Донбас во 2014 година.
Тој постојано ја отфрла руската инвазија и претходно тврдеше дека бил принуден да ја напушти Русија поради притисокот од Кремљ.
Во интервју за TechCrunch во 2014 година, Дуров изјави: „Немам никаков бизнис во Русија и не планирам да се вратам таму. Повеќе немам руско државјанство“.
Неговта социјална мрежа Телеграм, која ја основа заедно со неговиот брат Николај во 2013 година, сега има 950 милиони активни корисници кои можат да испраќаат пораки, фотографии и видеа, да учествуваат во групни разговори со најмногу 200.000 луѓе и да препраќаат пораки до неограничен број корисници.
Мрежата нема никакви ограничувања, па обвинувањата почнаа оттаму што многумина ценат дека го олеснува ширењето на лажни информации вирално, како и на корисниците да шират неонацистичка, педофилска, заговорна и терористичка содржина.
Тој и самиот повеќе пати рече дека Телеграм ќе остане „неутрална платформа“ и нема да биде „играч во геополитиката“.
Но, британската влада инсистира дека компаниите за социјални медиуми како Телеграм мора да направат повеќе за да ги спречат екстремистите да ги користат нивните услуги за криминални цели. Проектот за борба против екстремизмот соопшти дека Телеграм презел чекори за да ја намали употребата на својата платформа од страна на терористите, но на својата веб-страница коментира дека „јасно може и треба да се направи повеќе“.
И Русија се вклучи во овој случај, започнувајќи дипломатски спор со Франција барајќи конзуларен пристап до милијардерот.
Иако Русија тврди дека сака само да ги обезбеди неговите права, Франција досега „избегнуваше руско мешање“, но сепак, руски дипломати се во контакт со неговите адвокати, наведуваат информациите од руската амбасада во Париз.
фото: Instagram