Паулињо го продадоа за 20 милиони евра
Техничкиот директор на бразилскиот прволигаш Коринтијанс, Роберто де Андраде потврди дека одличниот играч за врска, Паулињо, во новата клупска сезона ќе го носи дресот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем.
Од продажбата на репрезентативецот на Бразил, Коринтијанс ќе заработи околу 20 милиони евра.
“Сакаме јавно да му се заблагодариме на Паулињо за се’ што направи за овој клуб. Никогаш нема да го заборавиме. Голема личност и заслужено ја освои бронзената топка на „Купот на конфедерации“. Коринтијанс е горд на фактот дека неколку сезони на располагање ги имаше услугите на Паулињо. Одличниот играч за врска ќе се пресели во редовите на Тотенхем, ќе живее во Англија и ќе добие можност да запознае една нова култура”, изјави Андраде.
Слично
