Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАТНИК НАПРАВИ ВИДЕО ДОДЕКА ПАЃААТ ДЕЛОВИ ОД АВИОНОТ: Чудо ги спаси 240 патници и членови на екипажот

ПАТНИК НАПРАВИ ВИДЕО ДОДЕКА ПАЃААТ ДЕЛОВИ ОД АВИОНОТ: Чудо ги спаси 240 патници и членови на екипажот

Делови од моторот на авион Боинг 777 на компанијата Јунајтед Ерлајнс паднале во едно предградие на  Денвер, и за среќа авионот во таква состојба успеал да се врати на аеродромот.

Дефектот настанал веднаш по полетувањето, по што еден од моторите на авионот се запалил. Еден од патниците направил и видео кое го објави на Твитер. Вели дека останатите се молеле безбедно да се приземја.


Инаку Боингот 777 сообраќал на линија Денвер-Хонолулу, и во него имало 231 патник, и 10 членови на екипажот. Сите патници биле пренесени на друг лет за Хаваи.

Слично

Поврзани вести