Патнички авион успеа да слета на аеродромот по експлозија на 3000 метри
Патнички авион на сомалиската авиокомпанија ” Даало ерлајнс ” беше принуден да се врати на аеродромот во главниот град Могадишу поради инцидент на авионот, пренесе ДПА.
Двајца од 74-цата патници се повредени, едниот од нив – сериозно. Авионот А-321 летал од Могадишу за Џибути . Околу 20 минути по полетувањето се слушнала силна експлозија во авионот, по што настанал пожар, изјави еден од патниците.
Пилотот Владимир Водопивец (64) од Белград успеал утрово безбедно да го спушти авионот со 74 патници и членови на екипажот на аеродромот во Могадишу во Сомалија по експлозијата која разнела дел од телото во десното крило на авионот, дознава “Блиц”. Меѓународните медиуми оценуваат дека пилотот направил “невозможна мисија”, бидејќи инцидентот поминал без жртви.
– Половина час по што полетал од аеродромот во Сомалија, на 3.300 метри надморска височина имаше ужасна експлозија. Патници почнаа да плачат, а јас веднаш се вратив на аеродромот. За среќа, никој не беше сериозно повреден – раскажува Владимир Водопивец.
Фотографии направени потоа покажуваат дупка на местото каде десното крило се поврзува со трупот на авионот. Веднаш е започната истрага за инцидентот. Портпаролот на авиокомпанијата кусо изјави дека станува збор за ” технички проблем “.

Слично