Економија, финансии, бизнис

Контакт

Патиштата на Apple и Сем Сунг се разделија

Патиштата на Apple и Сем Сунг се разделија
Патиштата на компанијата Apple и на нејзиниот работник со неверојатното име Сем Сунг и официјално се разделија, јави CNBC . Сем Сунг бил специјалист во една од продавниците на Apple во Ванкувер , но со месеци веќе не работи за технолошкиот гигант. Само пред една година сликата на визит картата на работникот се претвори во вистинска интернет сензација, кога еден од посетителите во продавницата го забележа неговото интересно име. Според репортерот на Huffington Post, Андре Лоу , кој се познава со Сем Сунг , вработениот е свесен дека е онлајн сензација , но не може да дава изјави поради строгата медиумска политика на Apple . Од своја страна Apple одби да го  коментира за CNBC заминувањето на човекот кој го носи името на најголемиот конкурент на компанијата. Всушност Сем Сунг во моментов работи во компанијата за вработување Holloway Schulz , од каде ја потврдуваат информацијата. Сунг сепак не сака да го коментира преместувањето, за да го испочитува својот поранешен работодавец.
Слично

Поврзани вести