Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАТ ДО БЕЛАТА КУЌА: Претседателската кампања на Трамп чини неверојатни ...

ПАТ ДО БЕЛАТА КУЌА: Претседателската кампања на Трамп чини неверојатни ...

Трката за претседател на САД го чинела републиканскиот кандидат Доналд Трамп 800 милиони долари за година дена, објави Форбс, наведувајќи дека неговото богатство паднало за 35 места на листата најбогати Американци.

Неговото богатство сега се проценува на 3,7 милијарди долари во однос на 4,5 милијарди колку што изнесувало во март.


Трамп во моментов е 156 на листата 400 најбогати Американци, која ја предводи коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс, чие богатство за само година дена од 76 милијарди долари порасна на 81 милијарди. Гејтс е на прво место веќе 23 години по ред.

Трамп на кампањата потрошил свои седум и кредитирал со дополнителни 48 милиони долари, кои тешко ќе ги добие назад, констатира Форбс.

Од 27 недвижнини кои ги поседува, 18 изгубиле на вредност, вклучувајќи ја и „Кулата Трамп“ на њујоршката Петта Авенија.

Оваа година склопил само еден бизнис на глобалниот пазар на недвижнини, додава Форбс.

Слично

Поврзани вести