Пасошите од овие 13 земји отвораат најмногу врати
Знаете ли дека граѓаните на Шведска можат да патуваат до цели 158 држави без виза? Потребен им е само пасошот што сигурно ги прави нивните авантури полесни и поевтини. Прилично поинаква е ситуацијата за луѓето од Авганистан, чии пасоши им ги отвараат директно бариерите само на 24 земји.
Големите разлики во влијанието на различните пасоши го открива Passport Index - класификација, која ги рангира земјите на база на бројот на други земји во кои нивните граѓани можат да влегуваат само со пасош и без виза.
Рангирањето е подготвено од меѓународната финансиска фирма Arton Capital. Еве кои се 13-те земји во врвот на овогодинешното издание:
13. Норвешка - 156 држави
12. Јужна Кореја - 156 држави
11. Белгија - 156 држави

10. Холандија - 156 држави
9. Италија - 156 држави
8. Данска - 156 држави
7. Британија - 157 држави

6. Шпанија - 157 држави
5. Швајцарија - 157 држави
4. Франција - 157 држави
3. Финска - 157 држави
2. Шведска - 158 држави

1. Германија - 158 држави
