Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пашинјан бара помош - околу 600 азербејџански воjници уште се на ерменска територија

Пашинјан бара помош - околу 600 азербејџански воjници уште се на ерменска територија

Oколу 500-600 азербејџански воjници се уште се на ерменска територија. 

За ова денеска реагираше вршителот на должност премиер на Ерменија, Никола Пашинјан, пренесува ТАСС.

„Сакам да констатирам дека ситуацијата на наведените делови на границата со Азербејџан остана непроменета. Напнато е во смисла дека околу 500-600 азербејџански војници остануваат на нашата суверена територија. Тие мора да ја напуштат нашата земја, а ние даваме се од себе за да спречиме каква било воена ескалација“, објасни Пашинјан.

Ерменското Министерство за одбрана на 12 месецов објави дека вооружените сили на Азербејџан се обиделе да извршат одредена активности во една од пограничните области на провинцијата Сијуник за да ја „приспособат границата“. Истиот ден азербејџанските вооружени сили ја преминале државната граница на Ерменија, навлегувајќи 3,5 км на нејзината територија. Посредник меѓу двете земји е Русија. Русите пет години ќе го чуваат мирот во регионот Нагорно - Карабах, откако завршија воените дејствија меѓу двете земји. 

Слично

Поврзани вести