Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партијата на Берлускони доби кандидат за премиер

Партијата на Берлускони доби кандидат за премиер

Форца Италија која на повеќе наврати под водство на Силвио Берлускони успеваше да победи на парламентарните избори го одбра Антонио Тајани за свој кандидат за премиер во надеж дека повторно ќе успеаат да формираат влада. 

Берлускони, кој досега во четири мандати беше на чело на италијанската Влада, не може да ја извршува оваа функција до 2019 година, затоа што е осуден за даночна измама.

Како можен кандидат за нов италијански премиер, Белускони уште во вторникот го посочи неговиот сопартиец Тајани, додавајќи дека првиот човек на Европскиот парламент се уште не ја прифатил неговата идеја.

Тајани синоќа на Твитер му изрази благодарност на Берлускони за предлогот, додавајќи дека е „подготвен да и служи на Италија“.

Одлуката на Тајани уште веднаш ја поздрави самиот Берлукони, при учество во едно телевизиско ток шоу. – Знам дека е срамота на Европа да и го одземам Тајани, но тоа е во интерес на Италија, изјави Берлускони.

На Тајани ќе му биде потребен и силен коалициски партнер за стабилна влада ако се гледа според актуелните анкети, но се е можно до самите избори. 

Слично

Поврзани вести