Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парламентот на Еквадор даде зелено светло за експлоатација на нафта во амазонската прашума

Парламентот на Еквадор даде зелено светло за експлоатација на нафта во амазонската прашума
Еквадорскиот парламент даде зелено светло за експлоатацијата на нафта во природниот резерват Јасуни, контроверзен проект кој го застапува претседателот Рафаел Кореа, но го оспоруваат домородното население и еколозите. Нафтеното наоѓалиште на ITT проценето на 920 милиони барели нафта, е прогласено за „национален интерес". Еквадорската влада сега има можност да ги преземе првите чекори кон комерцијалната експлоатација. Со 108 гласови „за" и 25 „против", пратениците одговорија на барањето на левичарскиот претседател Кореа да се отстрани и последната уставна пречка за експлоатација на природните ресурси во природниот парк на амазонскиот исток од земјата. Нафтените полиња Ишпинго, Тамбокоча и Трипутини (ITT) претставуваат 20 отсто од резервите на Еквадор, најмалата членка на Организацијата на извозници на нафта OPEC, а се наоѓаат во природниот парк Јасуни чии милион хектари џунгла претставуваат еден од најважните светски резервати за биопразличноста. Властите проценуваат дека во текот на следните 20 години благодарејќи на експлоатацијата во Јасуни ќе заработат 19 милијарди долари од кои повеќето ќе бидат наменети, во борбата против сиромаштијата, повеќето во Амазонија.
Слично

Поврзани вести