Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парламентот изгласа: Украина ќе го слави Божиќ на 25 декември

Парламентот изгласа: Украина ќе го слави Божиќ на 25 декември

Украинскиот парламент синоќа гласаше за промена на датумот на православниот Божиќ од 7 јануари на 25 декември. Целта на предлог-законот поднесен од претседателот Володимир Зеленски е „оддалечување од руското наследство“.

Две од трите големи цркви со православен статус веќе одлучија да се префрлат на Грегоријанскиот календар. Во 2017 година 25 декември е прогласен за неработен ден. Од друга страна, најголемата Украинска православна црква, со долгогодишни врски со Москва, се уште не ја коментирала промената.

Таа и оваа година прослави празници според јулијанскиот календар кој го користи Русија. Од руската анексија на Крим во 2014 година, Украина се обидува да ги прекине врските со своето советско и руско минато. Сеопфатната инвазија на Украина пред 16 месеци ги интензивираше овие напори.


Слично

Поврзани вести