Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРИЗ СЕ НАДМИНА СЕБЕ СИ: На улиците поставени еколошки, но не и интимни писоари

ПАРИЗ СЕ НАДМИНА СЕБЕ СИ: На улиците поставени еколошки, но не и интимни писоари

Градските власти во Париз поставиле четири еколошки писоари на улиците чија содржина ќе биде искористена како ѓубриво за билки, пренесуваат француските но и светските медиуми.

Писоарите имаат црвена боја со жардинерии како би се неутрализирале непријатните мириси, поставени како експериментален проект.

Собраната урина од тој машки тоалет ќе биде рециклирана така што експертите ќе ја мешаат и претвораат во ѓубриво кое ќе биде наменето за подобар раст на билките, рекол Лоран Лебо , научник од Нант кој е иницијатор на овој проект.


Уличните еколошки писоари предизвикуваат љубопитност кај туристите, но многу Парижани го критикуваа проектот сметајќи дека нема доволно интимност, бидејќи нема кабини така да секој може да застане и да го гледа минувачот кој го користи писоарот.

На социјалните мрежи се појавија разни коментари од оние кои се шегобијни, до оние кои сметаат дека повторно се работи за „глупост на париските власти“.

Градските власти пак наведуваат дека избраните места се привремени и дека се отворени за сугестии писоарите да бидат во затскриени места со повеќе цвеќе, бидејќи засега се наоѓаат на средина на прометни улици и места.

Писоарите се поставени во близина на една од париските прометни железнички станици како и на познатиот плоштад каде се наоѓаат бројни продавници.

Слично

Поврзани вести