Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРИЗ: Омар Мостефаи е првиот идентификуван бомбаш самоубиец

ПАРИЗ: Омар Мостефаи е првиот идентификуван бомбаш самоубиец

Прв идентификуван бомбаш самоубиец во терористичките напади во Париз е Омар Исмаил Мостефаи, познат на француската полиција како ситен криминалец.

Тој е идентификуван по неговиот прст кој бил пронајден меѓу рушевините на концертот во салата „Батиклан.”

Дваесет и девет годишниот Омар е виновен за наголемото крвопролевање во Париз, вчеравечер откако џихадистот се разнел себе си и убил 89 луѓе.

Откриениот сириски пасош до телото на еден од напаѓачите пак, ги зголеми можностите и сомнежите дека некои од терористите до Европа дошле како дел од бранот на мигранти од Сирија.

Грчкиот министер за заштита на граѓаните Никос Тоскас изјави дека носителот на сирискиот пасош, кој е пронајден до трупот на еден од бомбашите, поминал низ Грција во октомври. Според извор од грчката полиција носителот на пасошот бил млад маж, пристигнал на островот Лерос со брод од Турција заедно со група од 69 бегалци и отпечатоците му биле земени од грчките власти. Инаку, вчера во „срцето на Париз" координирани напади погодија шест различни локации вклучително концерна сала, стадион, ресторани и барови. Во оваа катастрофална несреќа загинаа 129 луѓе, а над 350 се повредени.
Слично

Поврзани вести