Економија, финансии, бизнис

Контакт

Париз нуди бесплатен јавен превоз - зошто?

Париз нуди бесплатен јавен превоз - зошто?

Жителите на Париз можат да го користат јавниот превоз бесплатно поради зголеменото загадување на воздухот, а некои автомобили се забранети да сообраќаат во градот. 

Париз се соочува со најголемото и најдолгото зимско загадување во последните десет години. Ова го соопшти агенцијата Ерпариф, која го мери нивото на загаденост.

Воведен е и системот „пар-непар“, но досега повеќе од 1 700 возачи се казнети за прекршување на оваа мерка во вторникот, со 35 евра за секој што се нашол зад волан.

Градоначалничката Ана Хидалго рече дека сликите кои го прикажуваат главниот град покриен од смогот се доволен доказ за потребата да се намали користењето на возилата во центарот на градот.

Загадувањето на воздухот кулминираше откако се споија емисиите што ги испуштаат возилата и домаќинствата кои се грејат на дрва. Повеќе  од една недела, концентрациите на канцерогените ПМ честички се повеќе од 80 микрограми на кубен метар, што всушност го вклучи предупредувачкиот аларм.

Покрај автомобилите со непарен број на регистрација, и на хибридните и електричните возила, како и на оние кои пренесуваат тројца или повеќе луѓе, ќе им биде дозволено да возат по улиците. Но, ова нема да важи за странските возила и на Итната помош.

Мерки за намалување на сообраќајот воведоа и кинеските власти во Пекинг за да се спротивстават на „црвената фаза“ на аерозагадувањето. Училиштата се затворени, а дел од индустриските капацитети се затворени. 


Слично

Поврзани вести