Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРИЗ: Не сме во војна со Лондон, но постои конкуренција

ПАРИЗ: Не сме во војна со Лондон, но постои конкуренција

Париз гледа можност во одлуката од минатиот месец на Велика Британија да ја напушти ЕУ.

Француската Влада вети дека оваа недела данокот ќе биде најповолен во Европа за странските компании. Оваа мерка е со цел привлекување на агенции, банки, компании од Лондон.

„Сакаме на финансиската средина да и создадеме иднина. Сега е време да се дојде во Франција„ - вели францускиот премиер, Мануел Валс.

Француските индустријалци се жалеа дека се оптоварени со високи даноци за што имаше и критики на адреса на политичарите.

Владата ќе отвори и административен пункт за сите странски компании кои сакаат да почнат бизнис во Франција. Услуги ќе се нудат и на други странски јазици, освен на француски.

Ќе се формираат и паралелки во училиштата за децата на странците.

Слично

Поврзани вести