Економија, финансии, бизнис

Контакт

Париз не е веќе Париз - тврди Доналд Трамп

Париз не е веќе Париз -  тврди Доналд Трамп

„Париз веќе не е Париз“, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп повикувајќи се на свој пријател, кој повеќе не стапнал во француската престолнина, пренесоа агенциите.

Трамп се обиде да ја заштити миграциската политика и ги наведе како лоши примери Франција, Шведска и Европа. 

„Ја обожавам Шведска, но луѓето таму разбираат дека сум во право"- рече Трамп. 

Трамп постојано потсетува за атентатите во Франција, за да ја оправда својата политика кон имиграцијата. 

„Имам пријател, тој е многу важен човек. Го обожава градот на светлината, Париз. Со години, секое лето тој одеше во Париз со жена си и семејството. не го  видов одамна и го прашав: Џим, како е во Париз? Тој одговори: веќе не одам таму. Париз веќе не е Париз ",- продолжи претседателот на САД.

Трамп истакна дека целта му е да служи на САД, а не на остатокот од светот и ја повтори пораката "Америка на прво место". 

Слично

Поврзани вести