ПАРИЗ: Наставник лажел дека го нападнал терорист на ИСИС
Францускиот наставник кој денеска со повреди на вратот и стомакот, тврдеше дека бил нападнат од терорист, призна дека ја измислил целата приказна, соопшти француското обвинителство.
Наставникот од детска градинка во Париз, утрово тврдеше дека маскиран маж го нападнал со нож и викал „Ова е за ИСИС, ова е предупредување".
Истрагата за настанот веднаш ја презедоа обвинителите надлежни за борба против тероризмот, но по испрашувањето тој признал дека ја измислис приказната.
Засега не се знае дали некој воопшто го нападнал или сам си ги нанел повредите.
Слично
