Економија, финансии, бизнис

Контакт

Париз на продажба – чини 700 милијарди евра

Париз на продажба – чини 700 милијарди евра
Ако сакате да го купите Париз, тогаш ќе Ви требаат околу 700 милијарди евра. До оваа сума дошла авторите на книгата „Que vaut Paris?" или „Колку чини Париз?“, на историчарот Патрис де Монкан и претставникот на Националната федерација за недвижности, Жил де Буржи. Тие се децидни, ако некој реши да ја купи француската престолнина, ќе му треба големо богатство. Проценката ја направиле врз основа на вредноста на објектите во градот. Така, во Париз има 1,3 милиони станови кои чинат 525, 147 милијарди евра, додека дополнителни 142 милијарди ќе треба за купување на  сите деловните објекти во градот. За битиците пак, кои ги има над 80 илјади, потребни се уште  околу 40 милијарди евра. И за да биде иронијата поголема, ако го купите Париз, во оваа цена не се вклучени историските споменици, како Ајфеловата кула, Елисејсаката палата и Лувр. Нивната вредност пак се движи од 1,2 до 7,5 милијарди евра, но тие не се на продажба?!
Слично

Поврзани вести