Економија, финансии, бизнис

Контакт

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во 13-от арондисман во Париз. Напаѓачот успеал да му го украде пиштолот на еден од полицајците, а тој се нашол во полициската станица бидејќи претходно бил приведен затоа што избодел жена.

- Полицијата интервенираше и го донесе овде (во полициската станица), а тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот - изјавил началникот на полицијата Лорен Нунес Обвинителството соопштило дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува Монд.

Полицијата возвратила на нападот, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.

Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.


Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести