Економија, финансии, бизнис

Контакт

Париз ќе отвори камп за бегалци, ќе примаат само мажи

Париз ќе отвори камп за бегалци, ќе примаат само мажи

Следниот месец во француската престолнина ќе биде отворен камп за бегалци, во кој ќе бидат сместени само мажи.

Ан Идалго, градоначалничката на Париз, денеска го најави првиот бегалски камп во градот кој ќе биде отворен во октомври, пренесува Танјуг.

Кампот ќе може да згрижи 400 луѓе, и ќе биде наменет само за мажи. Тој ќе се користи како замена за сегашните импровизирани кампови околу Париз.

Овој камп е лоциран на север од Париз.

Французите вчера  блокираа патишта на протест против „џунглата", односно кампот во Кале.

Според локалните власти во „џунглата" има 6900 мигранти, рекордно висок број кој е со 53 проценти повисок од оној во средината на јуни. Граѓанските здруженија сметаат дека таму има над 9000 лица. Многу од нив се обидуваат да стигнат до Англија.

Слично

Поврзани вести