Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРИЗ И ЛОНДОН КРОЈАТ ПЛАН ЗА УКРАИНА: Можно е да испратат војници во оваа земја

ПАРИЗ И ЛОНДОН КРОЈАТ ПЛАН ЗА УКРАИНА: Можно е да испратат војници во оваа земја

И натаму не е исклучена можноста европските земји да испратат војници во Украина. 

Франција и Велика Британија не ја исклучуваат можноста да застанат на чело на западната коалиција во Украина, во светло на претстојното американско „повлекување“ од Киев по враќањето на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Ова го објави францускиот весник Монд, повикувајќи се на извори запознаени со плановите на Париз и Лондон, кои допрва треба да се финализираат.

Се наведува дека разговорите за испраќање западни војници и припадници  на приватни воени компании на украинска територија се повторно активирани во момент кога конфликтот во таа земја влегува во нова фаза на ескалација.
Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон, кажа дека ако руските сили напредуваат кон Одеса, тој ќе испрати војници во Украина. 
Сите се во исчекување каков став кон Украина ќе заземе новиот американски претседател Доналд Трамп. Руската инвазија на Украина почна на 24 ферруари 2022 година. 
foto EPA-EFE/VALDA KALNINA

Слично

Поврзани вести