Париз е најдобриот град за студенти
Париз повторно предводи на годишната листа на QS на најдобри градови за студентите . Лондон заостана две точки зад главниот град на Франција . Рангирањето , кое го подготвува истиот тим кој го изработува и годишното рангирање на најдобрите универзитети во светот , е базирано на пет клучни индикатори кои пак се поделба на индивидуални критериуми - пласман на универзитетите ; студентите ; стандард на животот ; активност на работодавачите и пристапност .
За да влезат во рангирањето , градовите треба да одговараат и на двата неопходни услови. Првиот е дека секој град треба да има население од над 250 000 луѓе , а вториот е дека во градот треба да има најмалку два универзитети , кои спаѓаат во светската листа на универзитетите на QS .
Вкупно 98 града во светот ги исполнуваат условите , а од QS ги објавија првите 50 . Оваа година бројот на различните критериуми е зголемен од 12 на 14 , така што меѓу нив е и индексот на глобализација и светските градови , подготвен од страна на Универзитетот во Лоубороу кој служи како индикатор за " животниот стандард " .
Триесет земји имаат свои претставници во овогодинешното рангирање , а со најмногу градови може да се пофали САД ( 7) , Австралија ( 6 ) , Канада ( 3 ) и Велика Британија ( 3 ) . Новите земји кои спаѓаат во топ 50 на овогодинешното рангирање , се Норвешка со Осло (48 ) , Нов Зеланд со Оукланд ( 18 ) и Чешка со Прага (45 ) .
Како што веќе стана јасно, второто место на листата оваа година е за Лондон , а на трето место е Сингапур , кој се движи значително нагоре , откако минатата година беше на 12-то место .
Слично
