Економија, финансии, бизнис

Контакт

Париз домаќин на самит за климатските промени, демонстранти порачаа дека нема планета „Б“

Париз домаќин на самит за климатските промени, демонстранти порачаа дека нема планета „Б“

Во главниот град на Франција почнува глобалниот климатски самит во организација на Обединетите нации. На тој собир учествуваат 147 шефови на државите или влади, меѓу кои е претседателот Ѓорге Иванов, кој ќе се обрати пред учесниците. Тој самит го прави најголем собир на највисоко ниво некогаш одржано надвор од седиштето на светските организации.

Целта на самитот во организација на ОН во Париз е постигнување на глобален договор за ограничување на загревање на планетата. Активисти ширум светот демонстрираа во пресрет на самитот со порака до светските лидери дека „Нема планета Б“,  се собрале повеќе од 680 000 луѓе.

Учесниците на самитот во Париз најавија историски договор како би се избеглано катастрофално глобално загревање. Ќе се обидат да го финализираат во наредните две недели, иако лидерите на најсиромашните држави на светот стравуваат дека ќе бидат оставени на маргините во текот на тие напори.

Француската влада ќе ги предводи разговорите за тој договор, а шефот на дипломатијата Лоран Фабилијус апелирал на сите учесници на преговорите да дејствуваат итно и да бидат спремни на компромис.

Париската полиција соопшти дека привела вкупно 317 лица после синоќешниот недозволив протест пред почетокот на конференцијата на ОН за климатски промени, кој заврши така што полицијата фрлила солзавец на демонстрантите кои ги гаѓале со шишиња и свеќи.

Слично

Поврзани вести