Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРИТЕ ПОВАЖНИ: ИСИЛ му ја продава ирачката нафта на својот непријател Асад!

ПАРИТЕ ПОВАЖНИ: ИСИЛ му ја продава ирачката нафта на својот непријател Асад!
Радикалите од терористичката група „Исламска држава на Ирак и Левант“ (ИСИЛ), кои спроведуваат офанзива во Ирак, нафтата од заземените територии му ја продаваат на „режимот на сирискиот претседател Башар ел-Асад“, изјави францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус. „Имаме докази дека ИСИЛ, кога ја зазеде нафтата, веднаш му ја продаде на режимот на Асад“, рече Фабиус. Притоа тој истакна дека таа потврда е со „конфузен карактер“ за конфликтот кој се случува на Блискиот Исток, во кој Асад и џихадистите теоретски се на спротивставени страни. Според него, бунтовниците во Сирија и режимот на Асад „официјално се борат едни против други, но во реалноста многу често си помагаат едни на други“. Фабиус нагласува дека ситуацијата во Ирак е „многу загрижувачка“ и оти „ова веројатно е првпат една терористичка група, свирепа терористичка група, да дојде во позиција доколку нема реакции да преземе цела земја, и тоа богата земја, со огромни последици за регионот и светот. ОПАСНО: ИСИЛ почнува глобален џихад – и Македонија ја сакаат во исламскиот калифат!
Слично

Поврзани вести