Парите и донеле се, само не среќа на оваа добитничка на лото
Кали Роџерс имала 16 години кога во 2013 година на лотарија добила скоро 2 милиони фунти. Денес тврди дека тие пари и донеле сè освен среќа и задоволство.
Во моментот кога ја освои главната награда на британската национална лотарија, шеснаесетгодишната Кали заработувала по три и пол фунти по час. Откако освоила 1.875.000 фунти изјавила дека не планира да ги потроши сите пари на било какви работи.
"Не сакам да почнам да дивеам и да трошам без контрола" – изјавила таа. "Се надевам дека на мојата фамилија ќе им обезбедам подобри услови за живот. Само сакам нормален дом, ништо специјално и сакам еден обичен автомобил" – рекло девојчето.
Меѓутоа, во текот на неколку години ситуацијата се променила. До 2011 Кали потрошила поголема сума од парите, вградила силикони во градите, родила две вонбрачни деца и четири пати се обидела да изврши самоубиство. Во тој период само на кокаин потрошила четврт милион фунти...
На површина излегле нејзините проблеми од детството, кога била жртва на сексуално насилство.
"Молев да ја добијам главната награда за да заборавам на сè што ми се случило. Но откако се стиши бурата, сфатив дека и понатаму имам проблеми поради тоа што тој човек ми го направи" – вели Кали.
До денес ги потрошила скоро сите пари. На сметката имала само неколку илјади фунти. Живее во скромна куќа со своите деца и човекот кој го сака.
Слично
