Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парични казни за корисниците на проститутки во Франција

Парични казни за корисниците на проститутки во Франција
Kористењето услуги од проститутки во Франција наскоро  ќе се казнува парично, пишува весникот „Фигаро“. Според најавите казните треба да изнесуваат до 1.500 евра, откако на  27 ноември францускиот парламент ќе го разгледа предлог законот за пратениците од Социјалистичката партија за казнување на луѓето што користат услуги од проститутки. Предлог законот предвидува зајакнување на борбата против макроата, зголемување на сексуалното образование во училиштата и подобрување на мерките за заштита и интегрирање на проститутките во општествотво. Законот предвидува и мерки за олеснување на издавањето на дозволи за престој на проститутки, кои не сакаат да се враат во своите земји. Во Франција има меѓу 20.000 и 40.000 проститутки, од кои 80 проценти се странски државјани.
Слично

Поврзани вести