Економија, финансии, бизнис

Контакт

Папата: Жртвите на сексуална злоупотреба од страна на свештенството во Белгија заслужуваат поголема отштета

Папата: Жртвите на сексуална злоупотреба од страна на свештенството во Белгија заслужуваат поголема отштета

Папата Францис денеска им порача на жртвите на сексуална злоупотреба од католичкото свештенство во Белгија дека заслужуваат поголема финансиска компензација, велејќи дека сумите што им се доделени досега се „премали“.

Папата по враќањето во Рим од посетата на Белгија, за време на која политичките лидери во земјата побараа од него да преземе поконкретна акција за справување со злоупотребата во Католичката црква, рече дека црквата е посветена да им помогне на оние кои доживеале злоупотреба, објави Ројтерс. 

„Мораме да се грижиме за оние кои се злоставувани и да ги казниме насилниците“, рече Папата.

Според него, не се соодветни сумите за обештетување на жртвите на злоупотреба, кои се движеле од 2.500 евра до 25.000 евра, во зависност од тежината на злоупотребата.

За време на неговата посета на Белгија, папата Францис беше поканет од белгискиот крал Филип и премиерот Александар де Кроа да направи повеќе за да им помогне на жртвите на злоупотреба.

На двочасовната средба со жртвите на сексуална злоупотреба во петокот, папата исто така побара да се разгледа прашањето за финансиска компензација за жртвите.

„Не зборувавме за сумите како такви, но многу јасно укажавме на фактот дека она што е постигнато и добиено досега е сосема недоволно“, рече една од жените кои доживеале сексуална злоупотреба од католичкото свештенство, кое присуствувало средбата што се одржа во амбасадата на Ватикан во Брисел.


Жртвите на злоупотреба од страна на белгиското свештенство добија финансиска помош како компензација преку посредничко тело формирано од црквата по истрагата во 2010 година која откри широко распространета злоупотреба која траела со децении.

Арбитражниот центар прифати вкупно 507 тужби поднесени од жртви на злоупотреба и досуди вкупно три милиони евра отштета.

Папата Францис го постави за свој приоритет да се справи со сексуалната злоупотреба во Католичката црква и ја формираше првата папска комисија што ќе се занимава со ова прашање.

Инсталирал и глобален систем за пријавување сомнежи за сексуална злоупотреба од католички свештеници, пресува „Политика.рс“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести