Економија, финансии, бизнис

Контакт

Папата се пофали дека не гледал телевизија веќе 25 години

Папата се пофали дека не гледал телевизија веќе 25 години

Папата Фрањо раскажал дека речиси 25 години не гледал телевизија, соопштува „БиБиСи“.

Духовниот водач на католиците во светот, кој го замени традиционалниот папски покој со скромен дом во Ватикан, истакнал пред аргентинските медиуми дека престанал да гледа телевизија од вечерта на 15 јули 1990 година, давајќи завет на Дева Марија.

Фрањо истакнал дека исто така не користи интернет, но е запознаен со светските настани, бидејќи секој ден околу 10 минути чита италијанскиот печат. А за успесите на својот омилен аргентински фудбалски клуб тој слушал од швајцарските гардисти.

Слично

Поврзани вести