Папата повика сите за Божик да им помогнат на Украинците
Трошете помалку за Божиќ, помогнете ѝ на Украина, порача Папата Франциско.
Тој ги повика луѓето да трошат помалку на божиќните прослави и подароци оваа година и разликата да ја испратат до Украинците за да им помогнат да го надминат гладот и студот. Папата рече дека во Украина има многу страдања.
Милиони Украинци се борат со студ затоа што Русија ја уништува енергетската инфраструктура во земјата со напади со дронови.
„Да не заборавиме. Божиќ, да. Во мир со Господ, да. Но, со Украинците во нашите срца. Да го направиме овој конкретен гест за нив“, рече Папата.
Украинската национална црква во Рим, Света Софија, упати нов апел до Италијанците да донираат облека и лекови што волонтерите со камиони ги носат во Украина од март.
Инаку, Русија не планира прекин на огнот за Нова година.
Папата цело време повикува на мир, а минатиот пат почна да плаче за народот во Украина.