Економија, финансии, бизнис

Контакт

Папата кон мигрантите: Дојдете, вие сте наши браќа!

Папата кон мигрантите: Дојдете, вие сте наши браќа!

Папата Францис покани десетина бегалци да дојдат со него во базиликата „Свети Петар" за учество во денешната заедничка аудиенција, на која тој повторно ја повика Европа да прифати повеќе мигранти, пренесоа американските медиуми.

Десетина мажи се искачија пеш заедно со папата Францис и седнаа на земјата пред него за време на неделната проповед.

Тие носеа транспаренти на хуманитарната организација која се грижи за нив, како и знамиња на Ватикан.

Папата рече дека бегалците страдале во родните земји.

„Тие се наши браќа. Христијанинот не исклучува никого. Ве молиме сите виас,  пуштете секој да дојде"- рече тој.

Папата доведе со себе десетина сириски бегалци при посетата на Грција во април. Неодамна по линија на Ватикан во Рим пристигна втората група бегалци.

Тој досега повеќе пати упати пораки да се прифатат овие луѓе и Европа да покаже хуманост.

Слично

Поврзани вести