Економија, финансии, бизнис

Контакт

Папата ќе има профил на Инстаграм

Папата ќе има профил на Инстаграм
Профилот ќе се нарекува Franciscus и официјално ќе биде отворен во сабота. Ватикан ќе отвори профил на папата Францис во мрежата за споделување на фотографии Инстаграм, пренесе Франс прес. Акаунтот ќе се нарекува Franciscus. Светиот отец избрал тој да биде отворен токму во сабота, бидејќи тогаш се навршуваат три години од почетокот на понтификата. Папата има веќе профил на социјалната мрежа Твитер. „Зборувавме за моќта на сликите и на сликите како средство за обединување на луѓето, на сите култури и на сите јазици“ - рече папата. Инстаграм е партнер на Фејсбук и има 400.000.000 милиони корисници во светот.
Слично

Поврзани вести