Папата ќе ги смени бискупите кои штителе свештеници педофили
Папата Францис одобри денеска нова правна процедура која овозможува, бискупите за кои ќе се утврди дека несовесно постапиле во случаите на сексуално злоставување од свештениците, да бидат отпуштени од службата.
Жртвите на злостовувањата сметаат дека бискупите се одговорни што не успеале да ги заштитат од свештениците педофили, обвинувајќи ги дека ги сокриле случаите на сексуално злоставување. Според нив, овие свештеници ги преместуваат од парохии во парохии наместо да ги пријават во полиција.
Папата најави основање колегиум составен од судии како помошно тело пред да му се изгласа отповикување на некој бискуп.
Тој вели дека црквата „ги сака сите свои деца, но со особено внимание се грижи за оние што се најслаби и беспомошни“.
