Папата ја критикуваше Русија и рече дека Мариупол е варварски уништен
Папата Франциско го опиша конфликтот во Украина како ужасна регресија на човештвото. Тој повторно имплицитно ја критикуваше Русија, велејќи дека Мариупол е „варварски бомбардиран и уништен“.
Говорејќи пред илјадници луѓе собрани на плоштадот Свети Петар, тој повика на отворање на хуманитарни коридори за евакуација на луѓето заробени во фабриката за челик во Мариупол, пренесува Ројтерс.
Откако почна војната во Украина, во Буча и во Мариупол се најдени масовни гробници.Градот Мариупол е целосно уништен, и ова го покажаа сателитските снимки.
Слично
