Економија, финансии, бизнис

Контакт

Папата им порача на свештениците да бидат поскромни

Папата им порача на свештениците да бидат поскромни

Папата Францис вчера им порачал на младите свештеници и монахињи од целиот свет, како и на оние што се подготвуваат за свештенство, дека поседувањето на најновата верзија на смартфон или некој моден додаток не е патот кон среќата.

Папата изјавил дека се натажува кога ќе ги види свештениците како возат скапи автомобили и им порачал да избираат нешто поскромно.

„Ме боли кога ќе видам некој свештеник или калуѓерка со најновиот модел на автомобил, тоа не смеете да го правите“, рекол папата.

„Автомобилот е неопходен за извршување на многу работи, но ве молам, изберете некој поскромен. Ако ви се допаѓа некој модерен, само помислете колку деца умираат од глад во светот“, рекол папата.

Откако го наследи папата Бенедикт во март, поранешниот кардинал Аргентинецот Хорхе Бергољо избра да живее во гостинската куќа во Ватикан, а не во раскошниот папски апартман.

Италијанската агенција „Анса“ јави дека изборот на возило на папата за движење внатре во ѕидините на Ватикан е автомобил „форд фокус“.

Слично

Поврзани вести