Папата го критикуваше Западот заради бегалците
Папата Францис повторно го критикуваше Западот за рамнодушноста кон проблемот на бегалците.
Тој во видео порака до бегалците изјави дека повеќе пати не им посакале добредојде. Ова уследи три дена по враќањето од грчкиот остров Лезбос, од каде Папата доведе со себе три сиријски бегалски семејства.
Папата побара бегалците да им простат за рамнодушноста и затвореноста.
„Третирани сте како товар, како трошок, а всушност сте дар. Сведоци сте како нашиот добар и милосрден Бог може да ја трансформира неправдата и злото кое ве снашло во нешто добро за сите нас“ - изјави Папата.
Тој рече дека секој од нив може да биде мост кој поврзува оддалечени луѓе.
Слично
