Економија, финансии, бизнис

Контакт

Папата: Глобалната криза се заканува да создаде генерација невработени млади

Папата: Глобалната криза се заканува да создаде генерација невработени млади
Глобалната криза се заканува да создаде изгубена генерација млади, безработни луѓе, предупредува папата Франциско. „Глобалната криза не им донесе ништо добро на младите луѓе. Минатата недела ги видов податоците за тоа колку има невработени млади. Ни се заканува опасноста да имаме генерација невработени“, им рекол папата Франциско на новинарите што го придружуваат во авионот на патот за Бразил. Во текот на својата прва посета во странство, папата до 28 јули ќе престојува во Бразил за време на одбележувањето на Светскиот ден на младите, голем римокатолички празник меѓу младите верници.
Слично

Поврзани вести