Економија, финансии, бизнис

Контакт

Папата ги повика мафијашите да се покајат

Папата ги повика мафијашите да се покајат

Папaта Францис апелирал до припадниците на организираните криминални групи да се покајат, истакнувајќи дека Католичката црква ќе ги дочека со добродојде доколку ветат дека ќе „престанат да му служат на злото“.

Папата тоа го изјавил во тек на богослужбата за верниците и борци против криминалот од регионот на Калабрија, на југот од Италија, од каде потекнува групата Ндрагента, екававилент на силијанската мафија, пренесува Ројтерс.

„Отворете го своето срце на Господ. Господ ве чека вас, а црквата ќе ви посака добродојде доколку сте спремни да му служите на доброто како што бил ваш изборот да му служите на злото“ изјавил папата Францис.

За време на посетата во јуни минатата година на Калабрија, Папата ги обвини криминалните групи за практикување „обожување на злото“, истакнувајќи како нивните членови сами се одалечувале од црквата.

Ндрагента која воглавно заработува од продавање на дрога, од Калабрија се проширила на северна Европа и САД.

Во една студија од 2013 година, годишниот промет на  Ндрагента во 30 земји се проценува на 53 милијарди евра, што е еквивалентно на околу 3,5 отсто повеќе од вкупнoто италијанско индустриско производство.

Слично

Поврзани вести