Економија, финансии, бизнис

Контакт

Папата Франциск испрати порака за мир

Папата Франциск испрати порака за мир
Илјадници верници од католичка вероисповед денеска го слават еден од најголемите христијански празник посветен на Христовото раѓање, Божиќ. Ова е еден од најголемите настани во календарот на Римокатолиците кои прославата ја започнаа со полноќна миса во базиликата Свети Петар во Ватикан. Пред 8 илјади верници во црковните клупи и уште три илјади пред видео бимовите на плоштадот, Папата Франциск испрати порака за мир и скромност меѓу луѓето и за надеж и утеха меѓу Христијаните, кои како никогаш досега се прогонувани во земјите на Блискиот и на Средниот исток и во Африка. Според евангелиското предание, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеем, па затоа овој датум се смета и како почетокот на новата ера и новата историја на човештвото, а се почитува во целиот христијански свет.
Слично

Поврзани вести