Папата Франциско: Откажете се од „крвавите пари и моќ“
Папата Франциско остро ги предупреди мафијашите дека ризикуваат да одат во пеколот ако не се покајат и не се откажат од своите „крвави пари и моќ“.
На молитвата за роднините на недолжните жртви кои ги убила мафијата, Папата во петокот ја изрече својата досега најостра осуда на организиран криминал.
- Животот кој вие го живеете нема да ви донесе задоволство, ниту среќа. Крвавите пари и власт не можете да ги понесете со себе на оној свет. Покајте се. Се уште има време да не завршите во пеколот бидејќи тоа ве чека ако продолжите по овој пат, рече папата Франциско.
За време на молитвата прочитани се имињата на 842 жртви на мафијата.
Слично
