Економија, финансии, бизнис

Контакт

Папата Франциско го обвини светскиот економски систем за идеализирање на парите

Папата Франциско го обвини светскиот економски систем за идеализирање на парите
Папата Франциско го обвини светскиот економски систем дека ги идеализира парите и ги става над човекот. Во своето обраќање во Каљари, главниот град на Сардинија и еден од најсиромашните региони во Италија, тој на невработените им раскажуваше дека и самиот пораснал слушајќи за катастрофите со кои се соочувало неговото семејство во Аргентина во текот на 30-тите години на минатиот век, кога како што рече, тој загубил се.
Сардинија, позната по своите древни плажи и раскошни вили за одмор, тешко е погодена од финансиската криза во Италија која доведе до затворање на фабрики, поради што на тој остров расте бројот на семејства кои бараат хуманитарна помош.
Колкав е очајот од островјаните покажа, минатата година, случајот кога еден рудар во знак на протест против затворањето на рудници за јаглен каде работел, пред телевизиските камери си ја исекол раката.  
Слично

Поврзани вести