Папата Франциск ги повика ММФ и Светска банка да ги намалат долговите на сиромашните земји
Папата Франциско ги повика раководителите на светските финансиски институции да го намалат должничкиот товар врз сиромашните земји погодени од пандемијата на коронавирусот и да им дадат поголема улога во донесувањето глобални одлуки.
Во писмото до учесниците на пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка, Папата напиша дека пандемијата го принуди светот да се помири со меѓусебно поврзаната социо-економска, еколошка и политичка криза.
„Поимот закрепнување не може да значи враќање кон нееднаков и неодржлив модел на економски и социјален живот, каде мало малцинство од светското население поседува половина од богатството“, рече папата Франциско во писмото на 4 април.
Тој повика на нов „глобален план“ што „неизбежно значи да им се даде на посиромашните и помалку развиените земји ефективна улога во донесувањето одлуки и олеснување на нивниот пристап до меѓународниот пазар“.
Тој додаде дека духот на глобалната солидарност „бара барем значително намалување на должничкиот товар кон најсиромашните нации, што е влошено од пандемијата“.
Извор: Индекс.хр
