Економија, финансии, бизнис

Контакт

Папата Франциск: Целиот свет треба да одговори и да помогне во гаснењето пожари во Амазон

Папата Франциск: Целиот свет треба да одговори и да помогне во гаснењето пожари во Амазон


Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск денес го повика целиот свет да одговори и да помогне во гаснењето на пожарите во регионот Амазон, истакнувајќи дека таа област е од суштинско значење за здравјето на планетата.
„Сите сме загрижени за поголемите пожари кои влијаат на регионот Амазон. Да се молиме, со ангажирање на сите, овие пожари наскоро да бидат изгаснати“ - рече папата, обраќајќи им се на верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.

Тој рече дека шумите на Амазон се „бели дробови на планетата“ и тие се од суштинско значење за човекот.

Слично

Поврзани вести