Папата Фрaнцис дополнително го засили надзорот над финансиското работење во Ватикан
Во соработка со Комитетот на европските експерти MONEYVAL, Папата Фрaнцис денеска донесе декрет со кој дополнително го засили надзорот над финансиското работење и услугите во Ватикан за да се спречат обидите за перење пари.
Папски декрет „motu proprio” ги засили функциите на Управата за финансиски информации која е основана 2010 од страна на неговиот претходник Бенедикт XVI, задолжувајќи ја за евалуација и одобрување на сите услуги од финансиска природа а се поврзани со Ватикан.
Папата презеде неколку мерки и закони кои се проширени и на канцелариите, органите и институциите на Светата Столица, како и непрофитните организации како што е на пример Каритас, која се тесно поврзана со Ватикан.
Слично
