Паника во Северна Кореја - Милион заразени за неколку дена, Ким праќа војска
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лекови за коронавирус во главниот град Пјонгјанг, каде за само неколку дена се пријавени повеќе од милион случаи на коронавирус.
Северна Кореја го пријави првиот случај на вирус минатата недела, откако тамошните власти две години тврдеа дека инфекцијата не постои во Северна Кореја.
Како што пишува „Нова.рс“, лидерот на Северна Кореја посочил оти лековите што ги набавила државата не стигнале до луѓето, на вонредниот состанок на Политбирото, пред да ги посети аптеките во главниот град, цитирајќи изјави од државната новинска агенција на земјата „КЦНА“.
Ким Цонг Ун нареди итно
распоредување на „моќни воени сили“ со цел „да се стабилизира снабдувањето со
лекови во градот Пјонгјанг“, се додава. Иако властите наредија дистрибуција на
националните резерви за лекови, аптеките не беа добро опремени за непречено да
ги извршуваат своите функции.
Од друга страна, од соседна Јужна
Кореја се пренесуваат изјави на тамошниот претседател оти земјата нема да се штеди да му помогне на Северот да се бори против
епидемијата. Претседателот на Јужна Кореја Јун Сук Јеол во парламентот истакнал дека
неговата земја е подготвена да обезбеди вакцини против Ковид и друга медицинска
поддршка доколку Пјонгјанг се согласи.
Бројот на заразени со Ковид во Северна Кореја е 1.213.550, додека до вчера имало 50 починати.
Фото: EPA/ KCNA
