ПАНИКА ВО САД: Секој втор заразен од „Новата чума“умира
Габична инфекција Candida auris инфицира повеќе луѓе во САД, а лекарите признаваат дека се немоќни против неа. Експерти од американските Центри за контрола и превенција на болестите ја додадоа Candida auris во листата со најновите закани за здравјето на луѓето ширум светот, пренесуваат европските медиуми.
Лекарите сведочат дека ширењето на оваа инфекција станала критична. Заразени луѓе умираат во просек по околу изминати 90 дена. Нема лекови против оваа "нова чума".
За прв пат за Candida auris се зборуваше во 2009 година, кога лекарите во болница во Токио открија габи во ушниот канал на 70-годишна Јапонка. Во текот на следните 4 години, овие габични инфекции се пријавени како инфекции во Европа и во САД. Уште тогаш станало јасно дека габите предизвикуваат инвазивна кандидијаза, при која се инфицира крвотокот, централниот нервен систем и внатрешните органи.
Габичната инфекција Candida auris е резистентна кон многу лекови. Оваа инфекција е најмногу опасна за луѓе со ослабен имунолошки систем, вклучувајќи новороденчиња, постари луѓе, пушачи, дијабетичари.
Секое второ заразено лице починало. Се проценува дека до 2050 година, 10 милиони луѓе ќе умрат од такви инфекции, додека проценетата смртност од рак за истиот период не надминува 8 милиони луѓе.
Експертите наведуваат дека е невозможна борбата против Candida auris без да се одговори на прашањето за тоа што довело до нејзино ширење.Фото zdrave.to
